Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.3% на месечно ниво и за 2.8% на годишно ниво.
Во јануари 2014, во споредба со декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.3%, а пониски се во секторот
Преработувачка индустрија за 0.3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
за 1.3%.
Во јануари 2014, во споредба со јануари 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4.2%, во секторот Преработувачка индустрија
за 2.7% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3.2%.