Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2013, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки за 1.5% на месечно ниво, а се пониски за 1.3% на годишно ниво.
Во јуни 2013, во споредба со мај 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се
пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.4%, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 1.7%
и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.3%.
Во јуни 2013, во споредба со јуни 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се
повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.4%, во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 2.7%,
а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 14.8%.