Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2013, продажните цени на производителите на
индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.2% на месечно ниво, а се повисоки за 0.3% на годишно ниво.
Во април 2013, во споредба со март 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.6%, во секторот Преработувачка индустрија
за 0.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.4%.
Во април 2013, во споредба со април 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.3%, во секторот Преработувачка индустрија
се пониски за 0.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки
за 13.7%.