Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2013, продажните цени на производителите на
индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.5% на месечно ниво, а за 1.6% на годишно ниво.
Во март 2013, во споредба со февруари 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.0%, во секторот Преработувачка индустрија
се пониски за 0.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки
за 0.4%.
Во март 2013, во споредба со март 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4.8%, во секторот Преработувачка индустрија
се пониски за 3.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки
за 14.6%.