Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Енергија


Енергија, јануари 2014
- претходни податоци -


вторник, 25 март 2014


Електрична енергија, природен гас, јаглен и нафтени продукти, јануари 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014 година, во Република Македонија,
вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 946 302 МWh електрична енергија, 28.773 мил. nm3
природен гас, 662 370 тони јаглен и 57 518 тони нафтени продукти.


Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 61.1% во бруто-домашната потрошувачка
на електрична енергија, додека домашното производство на лигнит учествува со 97.6% во вкупната потрошувачка
на јаглени.



Државниот завод за статистика постојано вложува напори за скратување на планираните рокови за публикување на статистичките податоци, сè со цел да им излезе пресрет на барањата на корисниците за добивање навремени и квалитетни податоци. Како резултат на овие напори, од почетокот на 2014 година месечното соопштение Енергија се објавува 55 дена по референтниот период наместо досегашните 90 дена по референтниот период. Месечното соопштение Енергија е дополнето со месечни податоци за нафта и нафтени продукти и јаглен.


  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 862

е-пошта:  stojna.maneva@stat.gov.mk  goran.spasev@stat.gov.mk
  




© Државен завод за статистика

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.