Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Животен стандард
Лаекен индикатори за сиромаштијата во 2010 година
понеделник, 05 ноември 2012
Државниот завод за статистика за првпат ги пресметува и ги објавува меѓународно споредливите податоци за сиромаштијата за 2010 година. Тоа се таканаречените Лаекен индикатори за сиромаштија базирани на Анкетата за приходи и услови за живеење која е спроведена според препораките на Европската унија. Извор на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход. Според податоците, во 2010 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 27.3%. Анализирани по типови на домаќинства, најранливи се домаќинствата на двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца, при што 36.5% од лицата кои живеат во такви домаќинства се сиромашни. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни невработени лица изнесува 50.6%, додека стапката на сиромашни вработени лица е 9.9%. Доколку од вкупните расположливи приходи на домаќинствата се исклучат социјалните трансфери каде што се вклучени и пензиите, тогаш стапката на сиромашни лица е 42.8%, доколку, пак, се исклучат само социјалните трансфери, таа изнесува 30.5%, додека стапката на сиромаштија со вклучени социјални трансфери и пензии изнесува 27.3%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 837
е-пошта:
stase.nolev@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика