Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животен стандард


Лаекенски индикатори за сиромаштијата во 2018 година - дефинитивни податоци

понеделник, 23 декември 2019


Државниот завод за статистика врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштија за 2018 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход.

Според податоците, во 2018 година, стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија изнесуваше

21.9.%. 

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2018 година е 22.0 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 8.8 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.9 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31.9 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика