Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животен стандард


Лаекен индикатори за сиромаштијата во 2016 година - дефинитивни податоци

петок, 22 декември 2017


Врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење, која се спроведува во согласност
со препораките на Европската унија, Државниот завод за статистика во 2017 година ги пресмета лаекен
индикатори за сиромаштија за 2016 година. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот
на сиромаштија е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.
Според дефинитивните податоци, во 2016 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија
изнесуваше 21.9%.
Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца
возрасни со две издржувани деца во 2016 година е 20.2%. Според најфреквентниот статус на економската
активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 9.0%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.1%.
Коефициентот „Gini“ (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 33.6%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика