Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животен стандард


Лаекен индикатори за сиромаштијата во 2015 година
-дефинитивни податоци-


петок, 23 декември 2016


Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење
која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, во 2016 година ги пресмета Лаекен
индикаторите за сиромаштија за 2015 година. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот
на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.


Според дефинитивните податоци, во 2015 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија
изнесуваше 21.5%.


Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца
возрасни со две издржувани деца во 2015 година е 22.9%. Според најфреквентниот статус на економска
активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8.9%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.3%.
Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 33.7%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика