Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животен стандард


Лаекен индикатори за сиромаштијата во 2014 година

петок, 25 декември 2015


Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење која се
спроведува во согласност со препораките на Европската унија, во 2015 година ги пресмета Лаекен индикаторите
за сиромаштијата за 2013 и 2014 година. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на
сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.
Според податоците, во 2014 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше
22.1%.
Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинства составени од двајца
возрасни со две издржувани деца во 2014 година е 25.0%. Според најфреквентниот статус на економска
активност, стапката на сиромашни вработени лица е 9.8%, додека стапката на сиромашни пензионери е 8.4%.
Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 35.2%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 837

е-пошта:  stase.nolev@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика