Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животен стандард


Лаекен индикатори за сиромаштијата во 2013 година

четврток, 30 април 2015


Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење
која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија, ги пресмета Лаекен индикаторите за
сиромаштијата за 2013 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата
е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.
Според податоците, во 2013 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 24.2%.
Анализирани по типови на домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца
возрасни со две издржувани деца во 2013 година изнесува 24.8%. Според најфреквентниот статус на економска
активност, стапката на сиромашни вработени лица е 11.1%, додека стапката на сиромашни пензионери е 10.9%.
Коефициентот Gini (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 37.0%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 837

е-пошта:  stase.nolev@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика