Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животен стандард


Лаекенски индикатори за сиромаштијата во 2020 година - дефинитивни податоци

петок, 06 мај 2022


Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се
спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета Лаекенските индикатори за сиромаштија
за 2020 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на
60 % од медијалниот еквивалентен приход.
 
Според податоците, во 2020 година, стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија изнесуваше
21.8 %.
 
Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со
две издржувани деца во 2020 година е 20.7 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката
на сиромашни вработени лица е 7.9 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.0 %. Коефициентот на Џини
(мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31.4 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика