Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животен стандард


Лаекенски индикатори за сиромаштијата во 2019 година - претходни податоци -

петок, 30 октомври 2020


Државниот завод за статистика врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета Лаекенските индикатори за сиромаштија за 2019 година. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.

Според податоците, во 2019 година, стапката на сиромашни лица во Република Северна  Македонија изнесуваше 21,9 %.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2019 година е 19,5 %. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 8,8 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,8 %. Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 30,8 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика