Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2022 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи на странските пазари на месечно ниво се пониски за 1.1 %, а на годишно ниво се повисоки
за 9.5 %.
Во ноември 2022, во споредба со октомври 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.4 %, а во секторот
Преработувачка индустрија за 0.8 %.
Во ноември 2022, во споредба со ноември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.4 %, а во секторот
Преработувачка индустрија се повисоки за 10.7 %.