Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Зголемен бројот на склучените и разведените бракови во 2009 година

вторник, 08 јуни 2010


Зголемен бројот на склучените бракови
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2009 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 1.6% и изнесува 14 923 бракови.
Најмногу бракови во текот на годината се склучени во август (12.0%), а најмалку во март (5.2%).
Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.6% за жените и 90.5% за мажите.
Мажите почесто стапуваат во втор брак, со учество од 8.8%, и во трет брак, со учество од 0.7%.

Просечна возраст на младоженецот/ невестата при склучување на прв брак
Просечната возраст при склучување на прв брак е 25.0 години за невестата и 28.0 години за младоженецот.

Зголемен бројот на разводите
Бројот на разводи во 2009 година бележи зголемување за 6.5% во споредба со 2008 година и изнесува 1 287 разведени бракови.
Најмалку бракови во текот на годината се разведени во август (2.6%), а најмногу во март (11.0%).
Најголем број на разведени бракови според возраста на сопругата (21.0%) е забележан во старосната група од 25 до 29 години, а за сопругот (18.3 %) во старосната група од 30 до 34 години.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 616

е-пошта:  ace.pavlovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика