Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Склучени и разведени бракови во Република Македонија во 2012 година - дефинитивни податоци

петок, 07 јуни 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2012 година, во
споредба со претходната година, е намален за 5.1% и изнесува 13 991 брак.


Најмногу бракови во текот на годината се склучени во август, 11.8%, а најмалку во март 5.2%.


Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.6% за жените и 90.6% за мажите.


Во втор брак, со учество од 8.7%, и во трет брак, со учество 0.8%, во вкупниот број на склучени бракови, почесто
стапуваат мажите.


Просечната возраст при склучување на прв брак е 25.6 години за невестата и 28.4 години за младоженецот.


Бројот на разводи во 2012 година бележи зголемување од 9.9% во споредба со 2011 година и изнесува 1 926
разведени бракови.


Најмалку бракови во текот на годината се разведени во август 3.2%, а најмногу во април 10.7%.


Според возраста на сопругата, најголем број на разводи, 20.9%, се случиле во возрасната група од 30 до 34
години, a за сопругот, во истата возрасна група, но со учество од 18.9%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 616

е-пошта:  ace.pavlovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика