Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во септември 2022 година,
во споредба со септември 2021 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата:
Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 59.9 %, а реално за 24.6 %), а во групите: Трговија на мало
со храна, пијалаци и тутун, прометот е номинално зголемен за 13.7 %, а реално е намален за 7.4 %, Трговија на мало,
освен трговија со горива прометот е номинално зголемен за 7.7 %, а реално е намален за 6.3 % и Трговија на мало со
непрехранбени продукти прометот е номинално зголемен за 2.1 %, а реално намален за 4.9 %.