Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Економски сметки во земјоделството


Економски сметки во земјоделството, по постојани цени, 2006 - 2009 година

среда, 29 јуни 2011


Државниот завод за статистика оваа година прв пат ги објавува економските сметки во земјоделството по постојани цени.

Пресметките се направени врз база на препораките дадени во Прирачникот за економски сметки во земјоделството и шумарството, ревизија 1.1. и според Европската регулатива за економски сметки во земјоделството 138/2004.

Целта на овие пресметки е да може да се направат подобри економски анализи, како и потребата да се разграничат трендовите што се однесуваат на промената на волуменот и оние што се однесуваат на промената на цените. Според ESA 95 (Еуропеан Сѕстем оф Аццоунтс), ценовната компонента треба да ги содржи промените што се однесуваат само на цените, а сите останати промени треба да бидат вклучени во волуменската компонента. Со тоа, сите останати компоненти (физички карактеристики, начинот на продажба итн.) се земаат како волуменски, а не како ценовни промени.

Волуменските и ценовните индикатори што се користени при пресметката на економските сметки во земјоделството по постојани цени ги вклучуваат и промените во квалитетот. Ако самите производи се хомогени, волуменските промени може да се проценат врз база на промените на количествата.

Податоците се однесуваат на периодот од 2006 до 2009 година и се врз база на претходната година.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653

е-пошта:  ljupka.tasevska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика