Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Економски сметки во земјоделството
Економски сметки во земјоделството, по постојани цени,
2010-2015 година
четврток, 08 јуни 2017
Пресметките на економските сметки во земјоделството, по постојани цени, се направени врз база на препораките дадени во Прирачникот за економски сметки во земјоделството и шумарството, ревизија 1.1. и според Европската регулатива за економски сметки во земјоделството 138/2004. Целта на овие пресметки е да може да се направат подобри економски анализи, како и потребата да се разграничат трендовите што се однесуваат на промената на волуменот и оние што се однесуваат на промената на цените. Според Европскиот систем на сметки, ценовната компонента треба да ги содржи промените што се однесуваат само на цените, а сите останати промени треба да бидат вклучени во волуменската компонента. Со тоа, сите останати компоненти (физички карактеристики, начинот на продажба итн.) се земаат како волуменски, а не како ценовни промени. Волуменските и ценовните индикатори што се користени при пресметката на економските сметки во земјоделството, по постојани цени, ги вклучуваат и промените во квалитетот. Ако самите производи се хомогени, волуменските промени може да се проценат врз база на промените на количествата. Податоците се однесуваат на периодот од 2010 до 2015 година и се врз база на претходната година.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика