Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Економски сметки во земјоделството


Економски сметки во земјоделството, по постојани цени, 2008-2013 година

среда, 10 јуни 2015


Пресметките на економските сметки во земјоделството, по постојани цени, се направени врз база на
препораките дадени во Прирачникот за економски сметки во земјоделството и шумарството, ревизија 1.1. и
според Европската регулатива за економски сметки во земјоделството 138/2004.


Целта на овие пресметки е да може да се направат подобри економски анализи, како и потребата да се
разграничат трендовите што се однесуваат на промената на волуменот и оние што се однесуваат на промената
на цените. Според ESA 95 (European System of Accounts), ценовната компонента треба да ги содржи промените
што се однесуваат само на цените, а сите останати промени треба да бидат вклучени во волуменската
компонента. Со тоа, сите останати компоненти (физички карактеристики, начинот на продажба итн.) се земаат
како волуменски, а не како ценовни промени.


Волуменските и ценовните индикатори што се користени при пресметката на економските сметки во
земјоделството, по постојани цени, ги вклучуваат и промените во квалитетот. Ако самите производи се
хомогени, волуменските промени може да се проценат врз база на промените на количествата.


Податоците се однесуваат на периодот од 2008 до 2013 година и се врз база на претходната година.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 753

е-пошта:  ljupka.tasevska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика