Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2013
година, во однос на јануари 2012 година, изнесува 102.6.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2013, во однос на јануари
2012 година, бележи опаѓање од 3.4%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од
5.2%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2013
година, во однос на јануари 2012 година, бележи пораст од 74.9%, а во секторот Преработувачка индустрија
бележи опаѓање од 0.2%.
Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2013 година, во однос на јануари 2012 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14.5% и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 13.9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 26.2%, Капитални производи за 10.8% и Tрајни
производи за широка потрошувачка за 19.1%.
Индексот на прометот во индустријата во јануари 2013 година, во однос на декември 2012 година, изнесува
107.7.