Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекс на прометот во индустријата, декември 2012 година
петок, 15 февруари 2013
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, изнесува 77.9. Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2012, во однос на декември 2011 година, бележи опаѓање од 27.7%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи опаѓање од 17.6%. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, бележи пораст од 3.1%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 23.1%. Според главните индустриски групи, прометот во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, бележи опаѓање кај Енергија за 58.1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 20.5%, Капитални производи за 13.2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 44.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.4%. Индексот на прометот во индустријата во декември 2012 година, во однос на ноември 2012 година, изнесува 99.1, додека во периодот јануари-декември 2012 година, во однос на периодот јануари-декември 2011 година, изнесува 83.2.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
?+389 2 3295 749
е-пошта:
goran.stojkovic@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика