Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекс на прометот во индустријата, ноември 2012 година
вторник, 15 јануари 2013
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, изнесува 68.3. Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2012, во однос на ноември 2011 година, бележи опаѓање од 47.2%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи опаѓање од 19.5%. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, бележи пораст од 33.9%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 34.2%. Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, бележи опаѓање кај Енергија за 96.6%, Интермедијарни производи, освен енергија за 16.8%, Капитални производи за 1.5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 29.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.8%. Индексот на прометот во индустријата во ноември 2012 година, во однос на октомври 2012 година, изнесува 96.2, додека во периодот јануари-ноември 2012 година, во однос на периодот јануари-ноември 2011 година, изнесува 83.7.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 749
е-пошта:
goran.stojkovic@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика