Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекс на прометот во индустријата, октомври 2012 година

понеделник, 17 декември 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во октомври 2012 година, во однос на октомври 2011 година, изнесува 79.1.

Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври 2012, во однос на октомври 2011 година, бележи опаѓање од 25.8%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи опаѓање од 17.5%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2012 година, во однос на октомври 2011 година, бележи пораст од 50.9%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 24.3%.

Според главните индустриски групи, прометот во октомври 2012 година, во однос на октомври 2011 година, бележи опаѓање кај Енергија за 98.1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4%, Капитални производи за 4.2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 19.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9%.

Индексот на прометот во индустријата во октомври 2012 година, во однос на септември 2012 година, изнесува 105.4, додека во периодот јануари-октомври 2012 година, во однос на периодот јануари-октомври 2011 година, изнесува 85.4.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика