Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во август 2012
година, во однос на август 2011 година, изнесува 78.9.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во август 2012, во однос на август 2011
година, бележи опаѓање од 29.5%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи опаѓање од
14.9%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во август 2012 година,
во однос на август 2011 година, бележи пораст од 32.4%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи
опаѓање од 23.5%.
Според главните индустриски групи, прометот во август 2012 година, во однос на август 2011 година, бележи
опаѓање кај Енергија за 99.1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.6% и Tрајни производи за
широка потрошувачка за 23.6%, додека пораст бележи кај Капитални производи за 6.4% и Нетрајни производи
за широка потрошувачка за 1.4%.
Индексот на прометот во индустријата во август 2012 година, во однос на јули 2012 година, изнесува 93.7,
додека во периодот јануари-август 2012 година, во однос на периодот јануари-август 2011 година, изнесува
88.9.