Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јуни 2012
година, во однос на јуни 2011 година, изнесува 77.3.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јуни 2012, во однос на јуни 2011 година,
бележи опаѓање од 34.4%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи опаѓање од 13.6%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2012 година, во
однос на јуни 2011 година, бележи пораст од 2.3%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање
од 24.0%.
Според главните индустриски групи, прометот во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, бележи
опаѓање кај Енергија за 96.5%, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.8%, Капитални производи за
8.2% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 20.8%, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 4.0%.
Индексот на прометот во индустријата во јуни 2012 година, во однос на мај 2012 година, изнесува 90.3, додека
во периодот јануари-јуни 2012 година, во однос на периодот јануари-јуни 2011 година, изнесува 92.5.