Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во март 2012 година, во однос на март 2011 година, изнесува 107.0.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во март 2012, во однос на март 2011 година, бележи пораст од 3.6%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 9.5%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во март 2012 година, во однос на март 2011 година, бележи опаѓање од 6.6%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7.8%.
Според главните индустриски групи, прометот во март 2012 година, во однос на март 2011 година, бележи пораст кај Енергија за 9.1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8%, Капитални производи за 8.5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 25.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.6%.
Индексот на прометот во индустријата во март 2012 година, во однос на февруари 2012 година, изнесува 116.4, додека во периодот јануари-март 2012 година, во однос на периодот јануари-март 2011 година, изнесува 105.2.