Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекс на прометот во индустријата, јануари 2012 година

четврток, 15 март 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, изнесува 106.9.


Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2012, во однос на јануари 2011 година, бележи опаѓање од 3.3%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 13.8%.


Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, бележи опаѓање од 19.8%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8.2%.


Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, бележи пораст кај Енергија за 4.6%, Капитални производи за 56.4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 13.4%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.0%.


Индексот на прометот во индустријата во јануари 2012 година, во однос на декември 2011 година,
изнесува 87.4.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика