Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на прометот во индустријата, декември 2011 година
среда, 15 февруари 2012
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, изнесува 111.3. Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2011, во однос на декември 2010 година, бележи пораст од 4.5%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 17.3%. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, бележи опаѓање од 11.2%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12.5%. Според главните индустриски групи, прометот во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 13.8%, Капитални производи за 81.0%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 74.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.6%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.0%. Индексот на прометот во индустријата во декември 2011 година, во однос на ноември 2011 година, изнесува 86.9, додека во периодот јануари-декември 2011 година, во однос на периодот јануари- декември 2010 година, изнесува 124.2.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 749
е-пошта:
goran.stojkovic@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика