Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010, изнесува 120.3.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010 година, бележи пораст од 10.4%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 28.2%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010 година, бележи пораст од 0.1%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 21.5%.
Според главните индустриски групи, прометот во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 15.6%, Капитални производи за 168.8%, Трајнипроизводи за широка потрошувачка за 70.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачказа 18.6%, а опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.6%.
Индексот на прометот во индустријата во октомври 2011 година, во однос на септември 2011 година, изнесува 90.3, додека во периодот јануари-октомври 2011, во однос на периодот јануариоктомври 2010, индексот на прометот во индустријата изнесува 124.6.