Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, септември 2011 година

среда, 16 ноември 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, изнесува 123.2.
 
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, бележи пораст од 7.5%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 35.0%.
 
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, бележи опаѓање од 3.1%, а во секторот Преработувачкаиндустрија бележи пораст од 24.7%.
 
Според главните индустриски групи, прометот во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, бележи пораст и тоа: Енергија за 19.1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.7%, Капиталнипроизводи за 186.5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 66.5% и Нетрајни производи заширока потрошувачка за 12.7%.
 
Индексот на прометот во индустријата во септември 2011 година, во однос на август 2011 година, изнесува 114.0, додека во периодот јануари-септември 2011, во однос на периодот јануари-септември 2010, индексот на прометот во индустријата изнесува 125.1.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: 389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика