Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во август 2011 година, во однос на август 2010, изнесува 114.7.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во август 2011 година, во однос на август 2010 година, бележи пораст од 5.6%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 22.5%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во август 2011 година, во однос на август 2010 година, бележи опаѓање од 6.9%, а во секторот Преработувачка индустријабележи пораст од 15.9%.
Според главните индустриски групи, прометот во август 2011 година, во однос на август 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 41.5%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.0%, Капитални производиза 125.5% и Трајни производи за широка потрошувачка за 80.3%, додека опаѓање бележи кај Нетрајнипроизводи за широка потрошувачка за 5.8%.
Индексот на прометот во индустријата во август 2011 година, во однос на јули 2011 година, изнесува 93.7, додека во периодот јануари-август 2011, во однос на периодот јануари-август 2010, индексот на прометот во индустријата изнесува 125.4.