Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, јуни 2011 година

среда, 17 август 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, изнесува 114.3.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, бележи пораст од 8.6%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 19.3%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, бележи опаѓање од 1.8%, а во секторот Преработувачка индустријабележи пораст од 15.3%.
Според главните индустриски групи прометот во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 38.7%, Капитални производи за 134.1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 42.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.4%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарнипроизводи, освен енергија за 6.2%.
Индексот на прометот во индустријата во јуни 2011 година, во однос на мај 2011 година, изнесува 93.8, додека во периодот јануари-јуни 2011 година, во однос на периодот јануари-јуни 2010 година, индексот на прометот во индустријата изнесува 128.0.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика