Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, април 2011

среда, 15 јуни 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во април 2011 година, во однос на април 2010, изнесува 140.1.

Индексот на прометот во индустријата, остварен на домашниот пазар во април 2011 година, во однос на април 2010 година, бележи пораст од 28.8%, а индексот на прометот остварен на странски пазар бележи пораст од 49.9%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во април 2011 година, во однос на април 2010 година, бележи пораст од 5.8%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 42.3%.

Според главните индустриски групи, прометот во април 2011 година, во однос на април 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 67.3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 16.9%, Капитални производи за 221.7%, Трајни производи за широка потрошувачка за 28.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15.7%.

Индексот на прометот во индустријата во април 2011 година, во однос на март 2011 година, изнесува 113.8, додека во периодот јануари-април 2011, во однос на периодот јануари-април 2010, индексот на прометот во индустријата изнесува 131.8.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика