Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, март 2011 година

вторник, 17 мај 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во март 2011 година, во однос на март 2010 година, изнесува 116.7.

Индексот на прометот во индустријата, остварен на домашниот пазар, во март 2011 година, во однос на март 2010 година, бележи пораст од 14.7%, а индексот на прометот, остварен на странски пазари, бележи пораст од 18.1%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен, во март 2011 година, во однос на март 2010 година, бележи опаѓање од 4.5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 18.1%.

Според главните индустриски групи, прометот во март 2011 година, во однос на март 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 31.8%, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.1% и Капитални производи за 128.3%, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 20.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.4%.

Индексот на прометот во индустријата во март 2011 година, во однос на февруари 2011 година, изнесува 110.5, додека во периодот јануари-март 2011, во однос на периодот јануари-март 2010, индексот на прометот во индустријата изнесува 128.7.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика