Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекс на прометот во индустријата, февруари 2011 година

петок, 15 април 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во февруари 2011 година, во однос на претходниот месец, изнесува 104.3.

Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во февруари 2011 година, во однос на претходниот месец, бележи пораст од 6.9%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 2.6%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2011 година, во однос на претходниот месец, бележи пораст од 5.5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.3%.

Според главните индустриски групи, прометот во февруари 2011 година, во однос на јануари 2011 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.9%, Капитални производи за 45.2% и Трајни производи за широка потрошувачка за 21.4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.2%.

Индексот на прометот во индустријата во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, изнесува 134.6, додека во периодот јануари-февруари 2011, во однос на периодот јануари-февруари 2010, индексот на прометот во индустријата изнесува 136.7.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика