Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, февруари 2020 година

среда, 15 април 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, изнесува 103.5.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.6 %, Капитални производи за 2.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.2 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 9.2 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2020 година, во однос на јануари 2020 година, изнесува 100.3, додека во периодот јануари-февруари 2020 година, во однос на периодот јануари-февруари 2019 година, изнесува 107.7.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, изнесува 101.8.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.7 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 10.2 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 25.4 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2020 година, во однос на јануари 2020 година, изнесува 114.6, додека во периодот јануари-февруари 2020 година, во однос на периодот јануари-февруари 2019 година, изнесува 104.7.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, изнесува 103.8.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.1 %, Капитални производи за 3.0 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.5 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2020 година, во однос на јануари 2020 година, изнесува 97.4, додека во периодот јануари-февруари 2020 година, во однос на периодот јануари-февруари 2019 година, изнесува 108.1.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика