Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2020 година во однос на јануари 2019 година, изнесува 112.2.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 25.9 %, Капитални производи за 10.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.6 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.1 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2020 година, во однос на декември 2019 година, изнесува 114.8.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, изнесува 108.2.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 25.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.2 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 34.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.5 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2020 година, во однос на декември 2019 година, изнесува 66.6.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, изнесува 112.7.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 27.7 %, Капитални производи за 10.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.5 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 15.6 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2020 година, во однос на декември 2019 година, изнесува 135.7.