Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекс на прометот во индустријата, јануари 2011 година
среда, 16 март 2011
Државниот завод за статистика со ова соопштение започнува со објавување на податоците за индексот
на прометот во индустријата. За прибирање и обработка на податоците е применета новата Национална
номенклатура на индустриски производи (ННИП) 2008, а за пресметка и објавување на индексите,
новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари
2011 година, во однос на јануари 2010 година, изнесува 138.9.
Индексот на прометот во индустријата, остварен на домашниот пазар, во јануари 2011 година, во однос
на јануари 2010 година, бележи пораст од 25.6%, а индексот на прометот остварен на странските пазари
бележи пораст од 49.5%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен, во јануари
2011 година, во однос на јануари 2010 година, бележи опаѓање од 2.0%, а во секторот Преработувачка
индустрија бележи пораст од 41.8%.
Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година,
бележи пораст во групите: Енергија за 53.9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 31.3%,
Капитални производи за 141.8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 8.6% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 14.9%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 749
е-пошта:
goran.stojkovic@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика