Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, изнесува 98.8. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 12.9 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.1 %. Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2019 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 79.6, додека во периодот јануари − декември 2019 година, во однос на периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 105.6.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, изнесува 106.7. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.3 %, Капитални производи за 34.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.7 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 10.0 %. Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2019 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 107.5, додека во периодот јануари − декември 2019 година, во однос на периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 100.8.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, изнесува 94.9. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 14.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.0 %. Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2019 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 71.4, додека во периодот јануари − декември 2019 година, во однос на периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 107.1.