Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 103.1.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во ноември 2019 година, во однос на ноември
2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.8 %, Капитални производи за 0.2 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.6 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2019 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 100.7, додека во периодот јануари − ноември 2019 година, во однос на периодот јануари − ноември 2018 година, изнесува 106.1.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 97.1.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.2 %, Капитални производи за 30.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.3 %, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.2 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2019 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 93.7, додека во периодот јануари − ноември 2019 година, во однос на периодот јануари − ноември 2018 година, изнесува 100.2.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 104.2.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.8 %, Капитални производи за 0.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.5 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.8 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2019 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 102.7, додека во периодот јануари − ноември 2019 година, во однос на периодот јануари − ноември 2018 година, изнесува 108.0.