Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 100.8.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.7 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 1.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.7 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2019 година, во однос на септември 2019 година, изнесува 102.3, додека во периодот јануари − октомври 2019 година, во однос на периодот јануари − октомври 2018 година, изнесува 106.5.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 102.2.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.1 %, Капитални производи за 18.1 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.7 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2019 година, во однос на септември 2019 година, изнесува 104.4, додека во периодот јануари − октомври 2019 година, во однос на периодот јануари − октомври 2018 година, изнесува 100.5.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 100.4.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.4 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 2.0 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 10.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.7 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2019 година, во однос на септември 2019 година, изнесува 102.1, додека во периодот јануари − октомври 2019 година, во однос на периодот јануари − октомври 2018 година, изнесува 108.4.