Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, септември 2019 година

петок, 15 ноември 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во септември 2019 година во однос на септември 2018 година, изнесува 99.1.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во септември 2019 година во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.1 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 4.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.0 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во септември 2019 година во однос на август 2019 година, изнесува 117.4, додека во периодот јануари − септември 2019 година во однос на периодот јануари − септември 2018 година изнесува 107.2.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2019 година во однос на септември 2018 година, изнесува 100.3.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2019 година во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.3 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2019 година во однос на август 2019 година, изнесува 105.7, додека во периодот јануари − септември 2019 година, во однос на периодот јануари − септември 2018 година, изнесува 100.3.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2019 година во однос на септември 2018 година, изнесува 98.7.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.8 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 5.3 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 10.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.3 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во септември 2019 година, во однос на август 2019 година, изнесува 122.2, додека во периодот јануари − септември 2019 година, во однос на периодот јануари − септември 2018 година, изнесува 109.5.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика