Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, август 2019 година

вторник, 15 октомври 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во август 2019 година, во однос на август 2018 година, изнесува 98.2.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 7.8 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.1 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во август 2019 година, во однос на јули 2019 година, изнесува 85.9, додека во периодот јануари – август 2019 година, во однос на периодот јануари – август 2018 година, изнесува 108.3.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2019 година, во однос на август 2018 година, изнесува 93.4.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 21.5 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.1 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.0 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2019 година, во однос на јули 2019 година, изнесува 87.1, додека во периодот јануари – август 2019 година, во однос на периодот јануари – август 2018 година, изнесува 100.3.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари во август 2019 година, во однос на август 2018 година, изнесува 99.5.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.0 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 8.2 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 29.1 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во август 2019 година, во однос на јули 2019 година, изнесува 85.0, додека во периодот јануари – август 2019 година, во однос на периодот јануари – август 2018 година, изнесува 111.0.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 23295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика