Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на прометот во индустријата, февруари 2019 година
петок, 12 април 2019
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, изнесува 114.9.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018
година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10.6 %, Капитални производи за 24.2 %, Tрајни
производи за широка потрошувачка за 9.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.8 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2019 година, во однос на јануари 2019 година, изнесува 108.8,
додека во периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 110.9.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, изнесува 104.1.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во февруари 2019 година, во однос на
февруари 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.5 %, Капитални производи за
15.6 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 17.8 %, додека кај Нетрајни производи за широка потрошувачка е на
исто ниво.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2019 година, во однос на јануари 2019 година, изнесува 121.8, додека во периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 97.9.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, изнесува 118.2.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во февруари 2019 година, во однос на
февруари 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.5 %, Капитални производи за
24.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 11.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.6 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2019 година, во однос на јануари 2019 година,
изнесува 105.8, додека во периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на периодот јануари – февруари 2018 година,
изнесува 114.9.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|