Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, декември 2018 година

петок, 15 февруари 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември
2018 година, во однос на декември 2017 година, изнесува 106.1.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2018 година, во однос на декември
2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.3 % и Капитални производи за
19.1.%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.7 % и Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 2.9 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2018 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува
83.1, додека во периодот јануари – декември 2018 година, во однос на периодот јануари – декември 2017 година,
изнесува 112.5.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во
декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, изнесува 94.8.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2018 година, во
однос на декември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4 %, додека
опаѓање бележи кај Капитални производи за 38.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.1 % и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 4.9 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2018 година, во однос на ноември 2018
година, изнесува 97.7, додека во периодот јануари – декември 2018 година, во однос на периодот јануари – декември
2017 година, изнесува 101.4.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари,
во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, изнесува 110.9.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во декември 2018 година, во
однос на декември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 %, Капитални
производи за 21.9 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %, додека опаѓање бележи кај Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 1.6 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2018 година, во однос на ноември 2018
година, изнесува 78.4, додека во периодот јануари – декември 2018 година, во однос на периодот јануари – декември
2017 година, изнесува 115.7.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика