Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на прометот во индустријата, октомври 2018 година
петок, 14 декември 2018
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, изнесува 116.2. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.9 %, Капитални производи за 24.7.%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 11.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.0 %. Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2018 година, во однос на септември 2018 година, изнесува 100.6, додека во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 112.8. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, изнесува 107.0. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.0 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 33.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.3 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 4.6 %. Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2018 година, во однос на септември 2018 година, изнесува 102.5, додека во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 101.9. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, изнесува 119.0. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16.4 %, Капитални производи за 25.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.1 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 12.7 %. Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2018 година, во однос на септември 2018 година, изнесува 100.3, додека во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 115.8.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|