Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, изнесува 114.7.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10.1 %, Капитални производи за 27.3 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.1 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во септември 2018 година, во однос на август 2018 година, изнесува 116.4, додека во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на периодот јануари – септември 2017 година, изнесува 112.4.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, изнесува 101.4. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.4 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.6 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 17.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2018 година, во однос на август 2018 година, изнесува 98.5, додека во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на периодот јануари – септември 2017 година, изнесува 101.3.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, изнесува 118.3.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.5 %, Капитални производи за 27.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.2 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.2 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2018 година, во однос на август 2018 година, изнесува 123.2, додека во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на периодот јануари – септември 2017 година, изнесува 115.4.