Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, јули 2018 година

петок, 14 септември 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јули 2018
година во однос на јули 2017 година, изнесува 115.3.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јули 2018 година во однос на јули 2017
година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16.4 %, Капитални производи за 27.7 %
и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.0 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка
потрошувачка за 8.0 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јули 2018 година во однос на јуни 2018 година, изнесува 89.1,
додека во периодот јануари - јули 2018 година во однос на периодот јануари - јули 2017 година, изнесува 112.4.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар,
во јули 2018 година во однос на јули 2017 година, изнесува 101.2.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2018 година во однос
на јули 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.0 %, Tрајни производи за
широка потрошувачка за 8.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.0 %, додека опаѓање бележи
кај Капитални производи за 33.8 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2018 година во однос на јуни 2018 година,
изнесува 104.4, додека во периодот јануари - јули 2018 година во однос на периодот јануари - јули 2017 година,
изнесува 101.2.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари,
во јули 2018 година во однос на јули 2017 година, изнесува 120.1.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2018 година во
однос на јули 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 20.7 %, Капитални
производи за 29.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни
производи за широка потрошувачка за 18.3 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2018 година во однос на јуни 2018 година,
изнесува 84.0, додека во периодот јануари - јули 2018 година во однос на периодот јануари - јули 2017 година,
изнесува 115.4.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика