Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, јуни 2018 година

среда, 15 август 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2018
година, во однос на јуни 2017 година, изнесува 119.4.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017
година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16.1 %, Капитални производи за 31.8%,
Трајни производи за широка потрошувачка за 10.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.4%.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2018 година, во однос на мај 2018 година, изнесува 108.4,
додека во периодот јануари - јуни 2018 година, во однос на периодот јануари - јуни 2017 година, изнесува 111.9.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во
јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, изнесува 100.7.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2018 година, во однос на
јуни 2017 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.1 % и Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 4.7 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.5 % и
Капитални производи за 29.4 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2018 година, во однос на мај 2018 година, изнесува
99.0, додека во периодот јануари - јуни 2018 година, во однос на периодот јануари - јуни 2017 година, изнесува 101.2.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари,
во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, изнесува 125.7.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2018 година, во однос на
јуни 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23.8 %, Капитални производи
за 33.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 19.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за
9.2 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јуни 2018 година, во однос на мај 2018 година,
изнесува 111.3, додека во периодот јануари - јуни 2018 година, во однос на периодот јануари - јуни 2017 година,
изнесува 114.7.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика